Во октомври индустриското производство било повисоко за 6,9 отсто во споредба со истиот месец лани. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во октомври 2013 година во однос на октомври 2012 година изнесува 106,9. Според сектори, производството во Рударство и вадење камен во октомври годинава бележи пораст од 9,7 отсто, во секторот Преработувачка индустрија има скок од 7,4 отсто, а во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација е забележано опаѓање од 0,8 отсто. Производството по групи бележи пораст во групата Енергија за 1,1 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 6,3 отсто, Капитални производи за 15,2 отсто, Трајните производи за широка потрошувачка за 36,3 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,9 проценти. Индексот на индустриското производство во периодот јануари-октомври 2013 година, во однос на истиот период лани изнесува 102,6.
Во октомври индустриското производство било повисоко за 6,9 отсто во споредба со истиот месец лани. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во октомври 2013 година во однос на октомври 2012 година изнесува 106,9.
Според сектори, производството во Рударство и вадење камен во октомври годинава бележи пораст од 9,7 отсто, во секторот Преработувачка индустрија има скок од 7,4 отсто, а во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација е забележано опаѓање од 0,8 отсто.
Производството по групи бележи пораст во групата Енергија за 1,1 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 6,3 отсто, Капитални производи за 15,2 отсто, Трајните производи за широка потрошувачка за 36,3 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,9 проценти.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари-октомври 2013 година, во однос на истиот период лани изнесува 102,6, соопшти Статистика.